Раул искрено: Не го очекував ова…

Дерби

11/01/2019

18:48

3.620

Големина на фонт

а а а

Раул Гонзалес немаше многу причини за грижи на денешниот меч со кој македонската ракометна репрезенатација го отвори своето патешествие на Светското првенство, а по убедливата победа од 38:29 над селекцијата на Јапонија, шпанскиот стручњак призна дека е изненаден од расплетот на настаните.

Македонскиот селектор пред натпреварот предупредуваше дека Јапонија е репрезентација која покажа завидно ниво во подготовките за ракометниот мундијал, па пред новинарите во Минхен призна дека очекувал победа од само еден гол разлика, а не вака убедлива како што остваривме ова попладне.

– Најважно е што победивме, се одеше онака како што посакувавме и според планот. Уште на стартот дојдовме до четири или пет разлика и потоа беше полесно. Јапонија одигра многу пријателски натпревари и ги одигра многу добро. Против Полска, против Португалија, против Тунис. Ги гледавме сите натпревари, многу ги почитувавме и се подготвивме најдобро за нив. На крајот победивме со многу разлика, но искрено не го очекував ова. Мислев дека ќе победиме само со еден гол, – истакна македонскиот селектор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг