Актерката се присетила на проблематичното однесување во текот на тинејџерството, а еве што вели за дрогата и пластичните операции

Точка

11/01/2019

18:57

3.219

Големина на фонт

а а а

Мултиталентираната Дру Баримор проговорила за своето проблематично минато и начинот на кој тоа ѝ влијаело на нејзиниот живот денес. Таа изнела дека никогаш не би пробала хероин, бидејќи како што тврди, тоа би ја убило.

“Јас сум лабилна личност”, изјавила актерката за списанието “Glamour”. “Никогаш не сум консумирала хероин и никогаш не сум направила пластична операција. Доколку би пробала нешто од ова, веројатно би умрела”. 

Баримор објаснила дека во животот се борела со наркотиците и дека веќе во својата 9-та година таа пиела алкохол и пушела цигари. Признала дека на само 12 години станала зависник од кокаин, а во текот на своите тинејџерски години, неколку пати била на рехабилитација и одвикнување од дрога, за на крајот да биде присилно хоспитализирана поради обид за самоубиство. Актерката на 14 години станала независна од своите родители, но продолжила да одржува контакт со својата мајка.

Денес, Дру е мајка на две деца и е благодарна што никогаш не го следела холивудскиот тренд на разубавување и пластични операции.

“Мислам дека сѐ отиде предалеку, особено кога се во прашање младите луѓе кои претеруваат со пластичните операции. Верувам дека староста е привилегија. Начинот на кој растеш и стануваш подостоинствен и со повеќе почит кон себе и кон другите. Тоа отсекогаш ми било важно, а сега кога имам деца му благодарам на Бога бидејќи тој беше мојот внатрешен глас. Сега можам да ги учам на вистински вредности и да бидам сигурна во она што го говорам”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг