Новата дива на Холивуд тврди дека и натаму е обична 28-годишна девојка

Точка

11/01/2019

18:38

5.119

Големина на фонт

а а а

Марго Роби, и покрај огромната слава која ја стекнала последните неколку години во Холивуд, и натаму себеси се смета за обична 28-годишна девојка.

Откако улогата покрај Леонардо Ди Каприо во филмот "Волкот од Волстрит" ја прославила, Марго Роби реди улога по улога, а сега е најавено дека ќе ја глуми Барби во првиот филм за оваа легендарна кукла. 

Иако е позната и работно ангажирана, таа тврди дека и тоа како има време за приватниот живот, кој го живее како и целиот нормален свет.

"Не грижете се, немам чувство дека некој ми ги земал годините. Јас успевам да бидам обична 28-годишна девојка", рекла за "Daily Telegraph".

Актерката во 2014-та година ја основала сопствената продукциска куќа "LuckShape Entertainment" заедно со сопругот и режисер Том Акерли.

Марго пораснала без татко, кој ја оставил нејзината мајка и четирите деца. Актерката има двајца браќа и сестра.

На снимањето на филмот "Suite Francaise“" во 2013-та година го запознала сегашниот сопруг Том Акерли, Британец кој на сетот работел како помошник режисер.

Едно време биле многу добри пријатели, дури и цимери, а Марго во едно интервју за Том рекла дека е "најзгоден фраер во Лондон". Во интервјуто за списанието "Vogue" во 2017-та година, Марго признала дека се заљубила во него уште на почетокот на дружењето, но дека немала храброст тоа да му го каже.

Парот влегол во љубовна врска во времето кога Марго го промовирала филмот "Волкот од Волстрит", но нивната романса не била посебно интересна за јавноста. Ретко се појавувале заедно на црвениот тепих, а во јавноста повремено се појавувале на заеднички фотографии.

Во декември 2016-та година се појавиле гласини дека парот се венчал на мала церемонија во градот Бајрон Беј во Австралија, во близина на место каде Марго пораснала. Актерката на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од венчален прстен, како потврда дека венчавката се случила.

View this post on Instagram

⛄️Lapland⛄️

A post shared by @ margotrobbie on



Спонзорирани линкови

Маркетинг