CES награди „женска сексуална играчка“, а потоа ја повлече наградата поради „неморалност“

Точка

11/01/2019

17:46

2.714

Големина на фонт

а а а

Саемот “CES 2019” кој овие денови се одржува во Лас Вегас, се најде во центарот на вниманието поради еден необичен потег.

Имено, пред одржувањето на самиот саем, жирито ги избира најдобрите иновации и ги наградува, а оваа година беше направен необичен потег. Најпрвин од “CES” ја доделија наградата за иновативност на „геџетот“ наречен “Osé” кој што всушност е сексуална играчка, за потоа наградата да биде одземена затоа што уредот е прогласен за „неморален“.

За целата ситуација да биде уште понеобична, од CES објаснија дека наградата е повлечена затоа што “Osé” не се вклопува во ниту една категорија која што е изложена на саемот.


Сепак, тоа не беше доволно за Лора Хадок, основач на компанијата “Lora DiCarlo” која што стои зад “Osé”. Преку отворено писмо упатено до организаторите на “CES”, Хадок потсети дека на саемот бројни произведувачи на сексуални роботи организирале дури и VR порнографски забави, додека пак на нејзината компанија не ѝ е дозволено да изложи вибратор.

Можеби проблемот е во тоа што “Osé” не е класичен вибратор на каков што луѓето веќе се имаат навикнато. Како што објаснува Хадок, станува збор за „личен масажер“ кој предизвикува „комбиниран оргазам“ затоа што истовремено го стимулира клиторисот и Г точката.


“Osé” користи технологија на микророботи кои што ги имитираат движењата на устата, јазикот и прстите со цел да се остави впечаток дека корисникот има искуство со „жив“ партнер, а не со сексуална играчка.

Шансите “Osé” да ја врати назад наградата за иновативност на “CES” се премногу мали, но барем со ова уредот доби голема популарност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг