Задолжително направете го: Тест од 10 секунди кој открива дали смеете да ја фарбате вашата коса

Точка

11/01/2019

17:44

2.274

Големина на фонт

а а а

Многу фактори влијаат на крајниот резултат на фарбањето на косата, но еден е клучен – косата мора да биде здрава за таа да изгледа добро.

Доколку ја фарбате косата во домашни услови, фризерите советуваат пред тоа да проверите во каква состојба е истата, со помош на овој едноставен тест. 

1. Одвојте еден прамен од косата и измазнете го.

2. На праменот ставете неколку капки вода и набљудувајте колку време е потребно за тие да се впијат.


3. Доколку косата апсорбира вода за помалку од 10 секунди, тогаш кутикулата односно надворешниот слој на косата е премногу оштетен и косата нема правилно да се офарба.

4. Доколку на капките им се потребни повеќе од 10 секунди да се впијат, тогаш вашата коса е во добра “форма”.

Совет: На оштетување на кутикулите, покрај останатото, влијае и чешлањето на мокра коса, претераното третирање на косата со пегла, фигаро или фен, како и бланширањето. Поради сето наведено, косата ја губи својата влага и затоа пука.

За да ѝ го вратите стариот сјај и здравје, намалете ја нејзината изложеност на врел воздух. Не фенирајте ја веднаш по миењето бидејќи тогаш косата е исклучително “кревка”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг