Рапер застрелан дури 8 пати, починал во болница

Точка

11/01/2019

16:43

3.700

Големина на фонт

а а а

Раперот Кевин Фрет починал вчера на 25 години во раните утрински часови во Порторико. На него, од засега непознати причини, било пукано додека се возел на мотор по Сан Хуан.

Фрет починал во болницата Рио Пидарес, а полицијата се уште го истражува неговото убиство. "Guardian" пренесува дека пејачот е застрелан дури осум пати. Ова е второ убиство од почетокот на годината во Порторико. 

Кевин инаку отворено се декларирал како геј.

Неговиот менаџер Едуардо Родригез рекол дека Кевин бил уметничка душа и голем сонувач.

"Не постојат зборови со кои можеме да опишеме како се чувствуваме во овој момент и колку болка ни нанесе веста дека Кевин повеќе го нема. Имаше многу да му даде на светот", додал неговиот менаџер.

Пејачот се пробил на латиноамериканската поп-сцена на почетокот на минатата година "Soy Asi".

Зборувал дека е пример на многу млади геј момчиња и лезбејки.

"Не ме интересира кој што вели. Ќе се однесувам како што сакам - ќе имам руса коса, црни нокти, ќе го покажува стомакот и ќе светкам од глава до пети ако сакам. Затоа сум пример на младите геј момчиња и лезбејки. Ме гледаат и велат: "Еј, па ако може тој, можеме и ние"", велел Фрет.

Во јуни минатата година Фрет бил обвинет за напад на еден човек во Мајами кој го гаѓал со шише. Тврдел дека тој маж се однесувал хомофобично кон него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг