Тест кој во пет секунди открива дали сте под (преголем) стрес

Точка

11/01/2019

16:18

4.705

Големина на фонт

а а а

Стресот е секојдневна појава со која се соочуваме речиси сите. Ако сакате за само пет секунди да дознаете колку навистина сте под стрес и во каква состојба ви се умот и телото, направете мал тест со помош на оптичка илузија.

Колку пати ви се случило за време на слободните денови да се обидете да се опуштите, но мозокот постојано ве потсетува на обврските кои ве чекаат и не можете да престанете да размислувате за тоа што сè мора да завршите наредниот ден?

Таквите ситуации станаа нормални и тесно се поврзуваат со стресниот начин на живот со кој сите ние се соочуваме, а на кои здравјето лошо реагира.

Јапонскиот психијатар, Акиоши Китоака, смета дека со помош на овој тест со оптичка илузија, ќе откриете дали сте изложени под голем или поднослив стрес.


Сè што треба да направите е да го фокусирате погледот на сликата и да ја гледате 5 секунди.

Резултат од тестирањето на стресот:

- ако формите на сликата се поместуваат брзо, вашето ниво на стрес е премногу високо;

- ако формите на сликата се поместуваат споро, вашето ниво на стрес е подносливо;

- ако формите на сликата речиси целосно престануваат со мрдање, вашето ниво на стрес е минимално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг