Девојка со Даунов синдром стана бренд амбасадорка на козметичката куќа Бенефит

Точка

11/01/2019

16:33

2.927

Големина на фонт

а а а

20 годишната девојка со Даунов синдром, Кејт Грант стана ценет модел и бренд амбасадорка на козметичката куќа Бенефит.

Кејт живее во Северна Ирска, добитничка е на титулата Teen Ultimate Beauty Of The World, а неодамна се прошета по пистата за време на модниот викенд во Белфаст. Таа исто така се појави во емисијата "This Morning", додека во меѓувреме стана и бренд амбасадорка на козметичката куќа Бенефит. 


Оваа компанија ја избра Кејт откако фотографијата на која таа носи молив за очи од Бенефит стана многу популарна на Инстаграм.


"Таа им го отвара патот на луѓето кои доаѓаат после неа. Кејт е свесна за тоа и сака да ја прошири свеста за инклузија на луѓето со различни потешкотии и тоа го прави од самиот почеток. Свесна е дека може да направи нешто за нејзините пријатели, нешто што тие не можат. Поради тоа својот глас го користи за нив. Улогата на бренд амбасадорка значи дека ќе ја претставува компанијата Бенефит во повеќе од 30 продавници ширум светот. Таа има голема желба да биде супер модел. Ми се допаѓа нејзиниот оптимизам. Кога сте млади, сметате дека небото е граница. Кејт тоа не го гледа како нас, дека постојат препреки. Таа не дозволува препреките да ја спречат во нејзиниот пат. Таа тврди дека Дауновиот синдром не ја карактеризира, туку таа е само Кејт", изјави нејзината мајка Деидре.


Корисниците на социјалните мрежи позитивно реагирале на одлуката на познатата козметичка компанија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг