Сурова казна за мексикански крадец: Злосторството засекогаш ќе му биде впишано на градите! Одмаздниците никој не ги осудува

Точка

12/01/2019

04:31

4.473

Големина на фонт

а а а

Одмаздници во Мексико строго казниле човек кој е осомничен за кражба на гориво од соседот.

Шокантната снимка е направена со мобилен телефон во Екатепек, град северно од престолнината Мексико Сити и објавена на социјалните мрежи. На неа се гледаат две лица како држат крадец прикован за земја. 

Друг човек стои над осомничениот и држи железна плочка со изразот "por rata" на шпански, или "поради тоа што е стаорец" над голото тело на несреќниот маж.

Главата на крадецот е покриена со црна качулка, а рацете му се врзани со лисици.

Осомничениот пушта гласни извици додека одмазникот ги притиснува вжештените метални букви преку горниот дел од грбот, 18 секунди пред видеото да се прекине.

Мексико се бори со недостиг на гориво уште од декември, што во главно им се припишува на крадците од рафинериите на нафта.

Недостигот на бензин предизвикал предупредувања од бизнис лидерите дека индустриите, како што е индустријата за автомобили, ќе трпат ако нема доволно гориво.

Колку е ситуацијата сериозна покажува и податокот дека новиот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, решавањето на ова прашање го дал како приоритет.

Криминалните групи веќе со години бушат нафтоводи и крадат цистерни со дизел и бензин кои ги продаваат на црно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг