Инцидент пред Собранието: Ја симнаа од бина бидејќи извикуваше дека е за НАТО

Макфакс

11/01/2019

15:49

3.839

Големина на фонт

а а а

За време на протестот пред Собранието демонстрантите од „Македонија блокира“ истуркаа девојка која се обиде да зборува од бината.

Девојката, која се претстави како Ангелина Заркова од Штип, се качи на бината сакајќи да одржи говор, но демонстрантите  ја симнаа, по што ја однесоа подалеку од бината.

Таа извикувајќи „Јас сум за НАТО“ се обиде да се обрати пред присутните, но беше спречена од демонстрантите. Демонстрантите ја отстранија девојката со осуда дека е инфилтрирана од СДСМ и ја нарекоа провокаторка на Заев.

Дел од учесниците почнаа да ги навредуваат снимателите и новинарите кои сакаа да го снимат инцидентот и сакаа да им ги земат камерите.

Извикуваа „Марш провокатори“, „Марш душмани“, „Доле камери.“

За време на инцидентот полицијата не интервенираше.



Спонзорирани линкови

Маркетинг