Луксузен хотел во Кралството Јордан

Точка

11/01/2019

15:14

1.429

Големина на фонт

а а а

„Luxury Collection Hotels & Resorts“ штотуку го отвориле својот прв хотел во Кралството Јордан.

Долгоочекуваниот Ал Манара хотел со 207 соби, кој се наоѓа во срцето на новата дестинација на плажата, Сараја Акаба, изграден е како дел од соработката помеѓу Marriott International и Eagle Hills Jordan. Во наредните месеци, очекуваме отворање на Св. Реџис Аман и Вестин Сараја Акаба.

Инспириран од блискоисточните приказни и мотиви, Ал Манара содржи неверојатна архитектура и ентериер од арапски стил, креиран од Samuel Creations/MMac Associates. Секоја соба во овој хотел поседува елегантни прозорци од подот до таванот и врвни тераси со поглед на Црвеното море и раскошната планина.


Мебелот кој е искористен за опремување на хотелот, ја искористил семејната традиција и вештините за ткаење, кои се пренесуваат од генерација на генерација. Гостинските соби во хотелот, кои вклучуваат и 43 апартмани и две вили, дизајнирани се со мебел од темно дрво и комбинирани локални елементи.

Новиот Ал Манара хотел располага со два ресторани: Тајбех, кој служи северно-медитеранска кујна со меѓународни влијанија, и Куба Левантин, кој ви нуди гастрономски деликатеси со локални производи.

Покрај уникатните кулинарски искуства, Ал Манара нуди неверојатни сензорни искуства во внатрешноста на својот спа центар, со бројни третмани и услуги, а секој е инспириран од локалните традиции и техники. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг