Пронајдено 13-годишното девојче кое исчезнало кога биле брутално ликвидирани нејзините родители: Мистериозниот повик до полицијата бил единствениот знак

Точка

11/01/2019

15:28

1.229

Големина на фонт

а а а

Девојчето било лоцирано во местото Гордон, на 80-тина километри оддалечено од местото каде последен пат била видена.

Џејми Клос, 13-годишно девојче кое исчезнало откако нејзините родители биле брутално убиени во нивниот дом во Висконсин, била пронајдена жива, потврдиле американските власти. 

Како што пишува "CNN", девојчето било лоцирано во местото Гордон, на 80-тина километри оддалечено од местото каде била видена последен пат.

Десетина минути откако била пронајдена, уапсен бил и осомничениот за нејзиното киднапирање.

Нејзината баба рекла дека Џејми се наоѓа во болница.

"Имаше гласини и се молев и се молев, но тие не беа точни. Сосема се исклучив, а потоа слушнав дека е пронајдена. Не можев да верувам", вели таа.

Џејми исчезнала на 15-ти октомври, а нејзините родители, Џејмс и Денис, биле пронајдени мртви во нивниот дом во близина на местото Барон, град со 3.000 жители.

Некој ги застрелал. Полицијата ги пронашла по чудниот повик на 911. Не е познато кој се јавил во полиција, но службеникот кој тогаш работел во позадина слушнал бука.




Спонзорирани линкови

Маркетинг