ВМРО-ДПМНЕ го обвини Богдановиќ дека не ги исчистил улиците од снег

Макфакс

11/01/2019

14:27

268

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, уште еднаш ја докажа својата неспособност, улиците низ Центар цел ден се неисчистени и непроодни, обвини ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар.

„Врнежите од снег, кои се вообичаени за овој период од годината, го изненадија Богдановиќ. Наместо да ја ангажира целокупната механизација и работна сила што му е на располагање, тој ги остави центарци да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Тротоарите и уличките што се под надлежност на општината не се исчистени и на тој начин се загрозени пешаците, но и учесниците во сообраќајот“, велат од партијата.

Скапо платените паркиралишта во населба Пролет, Трготекстил, ул.Ѓуро Ѓоновиќ, додаваат од таму, не се пипнати со мал прст, а иста е ситуацијата и во другите делови на Центар.

„Наместо да ја замајува јавноста со преплатена машина која наводно чистела снег, Богдановиќ да излезе и истата да ја употреби во расчистувањето на истиот веднаш и без одлагање. Исто така, наместо да се занимава со гол популизам и колку партиски послушници да вработи во Општината, време е да се позанимава со здравјето и безбедноста на граѓаните. Центарци заслужуваат способен и одговорен градоначалник, а не некој како Богдановиќ, кој постојано ги остава на цедило“, порачаа од партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг