Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) објави снимка од лунарната сонда која што слета на темната страна на Месечината.
Станува збор за првото „меко“ слетување во историјата на човештвото на темната страна, односно на страната од Месечината која што не е видлива од нашата планета. Да потсетиме, кинеската сонда за проучување на темната страна на Месечината „Чанге 4“ слета на природниот сателит на 3-ти јануари.
China National Space Administration releases video recording of entire soft landing on moon's far side by China's #ChangE4 probe pic.twitter.com/bbp1ul2gq7
— CGTN (@CGTNOfficial) January 11, 2019
„Чанге-4“ е вселенски модул кој што се состои од стационарна лунарна станица и лунарен ровер, а лансиран беше на 7-ми декември од космодромот „Сичан“ во југозападната кинеска провинција Сичуан.
Кинеската лунарна мисија е наречена по митската божица на Месечината и вклучува три фази – орбитирање, слетување и враќање на Земјата. Првата и втората фаза се веќе успешно спроведени.