Угриновски: По 3 милиони евра се нудат на пратеници да гласаат за промена на името

Макфакс

11/01/2019

14:06

3.732

Големина на фонт

а а а

На пратениците им се нудат по 3 милиони евра за да гласаат за уставните измени, тврди Драган Угриновски од Единствена Македонија.

„Знаеме дека нуделе огромни суми. Ова е срамно. Нека се свестат, да не прифаќаат оти парите се трошат, достоинството и образот не“, рече Угриновски од протестот против уставните измени пред Собранието.

Во врска со вчерашното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од пред Собранието, Угриновски изјави дека Мицкоски се плашел да не биде исвиркан повторно, па затоа барал да зборува на посебна бина. На прашање дали очекуваат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ како и во претходните два дена, рече дека сечија поддршка е добредојдена.

„Ние го убедивме дека подаваме рака на сите и тој прифати да зборува. Иако тој зборуваше на страна, ние вчера му се приклучивме. Потоа дојдоа и Левица. Ги прифаќаме сите што имаат искрени намери. Целта ни е заедничка, да не дозволиме да се смени нашето име“, рече Угриновски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг