Тамара Крамер открива како оваа храна помага трајно да се ослободите од вишокот килограми

Точка

12/01/2019

10:00

7.030

Големина на фонт

а а а

Тамара Крамер, основачот на нутриционистичката програма NuMe зборува за почетоците, од каде потекна идејата за дизајнирање на оваа линија и која е целта кон која се стреми овој бренд.

Концептот NuMe е спој на иновациите во храната кои ни ги носи 21-виот век и има за цел да им помогне на луѓето да го подобрат начинот на живот кој го наложува денешното модерно време и да воведе здрави навики во нашето секојдневие на долгорочен план. 

1. Каква улога играат животните навики при решавање на проблемите со прекумерна тежина и што можеме да направиме околу тоа?

Животните навики кај нас луѓето, се создаваат од мали нозе и најчесто се базираат врз основа на тоа што го гледаме од родителите, пријателите и општо околината. Добрите навики нема потреба да ги менуваме, а кога сакаме да постигнеме некаков напредок се трудиме да се стекнеме со уште подобри навики. Многумина, прекумерната тежина ја доживуваат како слабост и нешто врз кое немаат контрола. Реалноста е дека решението за овој проблем е во наши раце. Ние ги донесуваме одлуките за промените кои ќе ги внесеме во нашите животи и навиките со кои ќе се стекнеме.

2. Кој е главниот проблем поради кој луѓето не успеваат да се ослободат од вишокот килограми?

Сметам дека најчестата причина, особено кај жените, за вишокот килограми и прејадувањето се емоциите. Всушност многу луѓе јадат бидејќи се несреќни, под стрес или се незадоволни и во тој случај тие се осврнуваат кон храната како утеха. Едно е сигурно, а тоа е дека чувството на страв го штити човекот од многу ситуации, но и го спречува во многу подвизи. Чувството на страв може да биде бариерата која ќе стои на патот кон нашиот прогрес. Многумина, почесто и несвесно, веруваат дека лошите емоции и стравот може да се стишат со чоколадо, торта, хамбургер или пица.

Најважна е силната желба да се почне, да се одбере вистинскиот пат,  соодветна програма на исхранување и секако физичката активност. Најголемиот проблем всушност настанува кога доаѓа моментот да се одбере програмата на исхрана. Многу често луѓето бираат нискокалорична храна која не им ги дава потребните хранливи вредности, туку едноставно им користи само за да го намалат внесот на калории. 

Најважно е да се воведе исхрана која ќе ви ги дава сите потребни хранливи материи и која одговара со нашиот начин на живот и физичката активност во текот на денот. 

3. Како дојдовте до идејата да го создадете овој концепт кој всушност опфаќа многу повеќе од само намалување на вишокот килограми?

Дваесет годишното искуство во фитнес индустријата, од кои последните дванаесет и во делот кој опфаќа фармација и нутриционизам, ме одведе на патот кон мојата животна мисија - да помагам на жените кои се желни за промени и трансформација кон подобро „јас“. Мисијата има за цел да ги направи луѓето посреќни, поздрави и со многу поголема самодоверба.

Имено, во 2009 заедно со мојот сопруг започнавме со дистрибуција на Скандинавската диета - Нупо, меѓутоа не се пронајдовме во развивањето на тој бренд. Оттука произлезе идејата да се фокусираме на развивање на наш бренд, заедно со тим на професионални нутриционисти. Комбинирајќи ја нашата пасија, знаење и искуство, ние ја реализиравме нашата визија и го создадовме концептот NuMe.  

4. Што претставува концептот NuMe?

NuMe е првиот чекор кон новата „јас“. Оваа програма содржи производи кои се развиени од страна на доктори, нутриционисти и персонални тренери и е дизајнирана за модерната жена која сака комплетна трансформација на нејзиниот живот, со тоа што ќе го стави нејзиното здравје, ум и тело на прво место.

Имено, NuMe нутриционистичката програма е без глутен и ГМО. Во оваа храна нема додадени шеќери и е соодветна за луѓе кои боледуваат од дијабетес, како и за вегетаријанци. Се состои од шест вкусни „all in one“ оброци, кои се консумираат во текот на денот. 

Оброците вклучуваат шејкови со повеќе вкусови, супи и штангли кои го содржат колагенот како основен елемент. Преку оваа ниско калорична храна, загарантирано внесувате 100% од витамините, минералите и сите хранливи состојки кои му се потребни на телото. Дополнително, nuMe исхраната го пролонгира чувството на ситост и ја намалува потребата за често внесување на храна.

5. Пакувањето на NuMe е изработка на дизајнерот Карим Рашид. По што се разликува ова пакување од останатите?

За Карим се одлучив затоа што неговиот дизајн е олицетворение на новиот свет, на она што значи свежо, модерно, иновативно, футуристичко и женствено. Уникатноста на пакувањето е тоа што сите NuMe производи се спакувани во еколошко разградливи куферчиња од шеќерна трска, со кои доаѓа и мултифункционален шејкер. Куферчињата може да се корисат за понатамошно чување на храна или како козметичка кутија. Пакувањето на NuMe е вистински спој на функционалност и естетика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг