Ова со Мурињо не го гледавме: Солскјер најави напаѓачки фудбал против Тотенхем на „Вембли“

Дерби

11/01/2019

12:45

1.409

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на прес конференцијата во пресрет на дерби пресметката со Тотенхем изјави дека на „Вембли“ нема да одат да се бранат туку дека ќе го нападнат противникот кој е повисоко на табелата во Премиер лигата.

Норвежанецот истакна дека како клуб тие треба да се подготвуваат за секој натпревар посебно и да се адаптираат во зависност од противникот,но едно е јасно, на сите натпревари ќе излегуваат со напаѓачка формација.

- Секогаш се адаптирате на противникот, а ние мора да бидеме свесни за силата на Тотенхем. Но, јас сум научен така што ги напаѓам тимовите. Мислам дека тоа треба да биде нашата сила - заклучи Солскјер.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, а сега привремен тренер на клубот не штедеше пофални зборови за најдобриот играч на „Петлите“, Хари Кејн.

- Не е лош, нели? Тој е неверојатен голгетер, еден од најдобрите во светот. Се надевам против нас ќе има лош ден - заклучи Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг