Откако Енди Мареј најави крај на кариерата, прв со коментар се јави Рафа Надал

Дерби

11/01/2019

12:44

1.311

Големина на фонт

а а а

Енди Мареј утрово ја шокираше јавноста кога на емотивна прес конференција најави дека Австралија Опен веројатно ќе биде неговиот последен турнир во кариерата.

Мари кој е освојувач на три Грен слем турнири и е поранешен тенисер број еден во светот истакна дека не може да ги надмине проблемите со повредата на колкот и дека големото натпреварување што претстои во Австралија е негов последен турнир.

Со порака на социјалната мрежа „Инстаграм“ прв се јави Рафаел Надал кој интересно, никогаш не се сретнал со Мари во големите финалиња на грен слем турнирите.

- Не си свесен колку ќе ни фалиш. Ти си пример на неверојатен спортист и голем човек - напиша Надал на „Инстаграм“.

Енди Мареј беше првиот Британски шампион на Вимблдон кога во 2013 година го порази Новак Ѓоковиќ во финалето на најпрестижниот тениски турнир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг