Три германски судови, во градовите Кил, Ерфурт и Магдебург, се евакуирани поради закани од бомба, објави локалниот весник „Хановерше алгемајне цајтунг“.
Судовите во Магдебург и Ерфурт биле евакуирани по заканите добиени преку електронска пошта, се вели во весникот.
Во текот на ноќта слична закана била упатена и до судот во Кил, а зградата била пребарана од страна на полицијата со кучиња трагачи.
Полицијата објави дека евакуиран е и судот во Висбаден, откако бил пронајден сомнителен предмет, пренесе агенцијата „Ројтерс“.