За еден ден во Скопје се случиле шест сообраќајни несреќи, едно лице потешко повредено

Макфакс

11/01/2019

12:33

620

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода е со тешки телесни повреди и пет се со материјална штета, информираат од полицијата.

Од преземените мерки и активности констатирано било дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, велат од полицијата. Од сообраќај се исклучени пет возачи од кои еден поради тоа што управувал возило под дејство на алкохол, двајца возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи почетници, додаваат од полицијата во својот извештај.

Од МВР посочуваат дека, исто така, од сообраќај се исклучени и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и еден возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 51 мандатни платни налози и 52 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг