Почина пред точно три години, но култот за легендата и понатаму трае: Ви откриваме 30 најинтересни факти од животот на Дејвид Боуви!

Точка

11/01/2019

11:52

3.676

Големина на фонт

а а а

Легендарниот музичар всушност како да не почина тој 10-ти јануари во 2016-та година. Култот за Дејвид Боуви толку е силен што и денес се пишува и зборува за него исто како некогаш, а непрестајно се откриваат нови и интересни факти од неговата кариера.

Токму на неговиот роденден, 8-ми јануари, пристигна апликацијата „Дејвид Боуви“, а ние денеска ви откриваме или ве потсетуваме вас кои ги знаете овие 30 интересни факти од животот на „слабиот бел војвода“.

1. Роден е како Дејвид Роберт Џонс во Брикстон, Лондон, и го дели роденденот со уште една легенда, Елвис Присли.

2. Десната зеница на Дејвид е трајно проширена, откако неговиот пријател Џорџ Андервуд го удрил во училишна тепачка. Расправијата наводно била поради една девојка. Момците останале многу добри пријатели, а Џорџ за некои од албумите на Дејвид, подоцна направил видеа. Поради проширената зеница, се мисли дека Дејвид има различна боја на очите, но тоа не е така.


3. Почнал да свири саксофон на 12 години, а вкупно свирел 14 инструменти.

4. Неговото прво музичко издание било „Liza Jane/Louie Louie Go Home“, во 1964-та година, под името Дејвид Џоунс. Подоцна го променил името во Боуви, за да ја избегне конфузноста со музичарот Дејвид Џоунс.

5. Дебитантскиот албум под име „Дејвид Боуви“ го објавил во 1967-ма година, после бројните настапи во кафулиња со разни бендови.

6. На 17 години дал интервју за BBC, како основач на Друштвото за превенција на лошиот однос кон мажите со долга коса, давајќи до знаење дека воопшто не е пријатно кога како маж ти се обраќаат со „драга“.

7. Во 2004-та година, на концерт во Норвешка некој од публиката го погодил со лижавче во проблематичното око, а после отстранувањето на лижавчето Дејвид го продолжил концертот.

8. Првата главна улога на Дејвид била во филмот „The Man Who Fell to Earth“, на режисерот Николас Рог.

9. Објавил список од своите 100 најдраги книги. Меѓу нив се Хомеровата „Илјада“, „На патот“ на Џек Керуак, „Мадам Бовари“ од Густав Флобер, Оргвелов „1984“.

10. Во 2006-та година се појавил во филмот „Престиж“, од Хју Џекман и Скарлет Јохансон.

11. Godspeed You! Black Emperor и Arcade Fire биле некои од неговите омилени бендови. Тоа го открил за „The Guardian“ и додал дека му се допаѓа и кинеската народна музика.


12. Неговиот постар полубрат Тери боледувал од шизофренија и извршил самоубиство во 1985-та година. Тој го инспирирал Дејвид за песните „Aladdin Sane“, „All The Madmen“, „The Bewlay Brothers“ и „Jump They Say“.

13. Со сомалискиот супермодел Иван се венчал во 1992-ра година и заедно ја имаат ќерката Александрија Зара Џонс. Како посвета на својот сопруг, Иман на глуждот има истетовирано бодеж.

14. Дејвид бил дел од 10 бендови - The Konrads, The Hooker Brothers, The King Bees, The Manish Boys, The Lower Third, The Buzz, The Riot Squad, The Hype, Tin Machine и Tao Jones Index.

15. Се плашел да лета. „Можам да поднесам само кратки летови“, признал тој. Стравот го развил после раѓањето на неговата ќерка.

16. „Отсекогаш сакав да бидам Литл Ричард, тој ми беше идол“, пишува во неговата биографија.

17. Во слободно време цртал, сликал, правел скулптури и пишувал. Негови најдраги уметници биле Тинторето, Џом Белани, Ерих Хекел, Пикасо и Мајкл Реј.

18. Ханс - малото музичко студио во Берлин, со поглед на Берлинскиот ѕид, каде ја снимил „Berlin trilogy“, денеска е туристичка атракција.

19. Неговото алтер его, Зиги Стардаст, било инспирирано од обичната средба со тогашната загубена поп-ѕвезда и зависник од ацид, Винсент Тејлор, на улицата Карнаби во Лондон.

20. Боуви одбивал да пие чај, бидејќи тврдел дека на 5 години имал ужасна несреќа со шолја со топол пијалок.

21. На албумот “Diamond Dogs“, Дејвид ги свирел речиси сите инструменти, а се потпишал и позади пизнатиот гитарски риф на „Rebel Rebel“.

22. Песната „Under Pressure“, со групата Queen настанала од спонтан настап во студиото на Дејвид во Швајцарија.


23. Му купил свињи на новинарот на Ролинг Стоун.

24. Во 1999-та година дал генијално интервју за ВВС во кое зборувал за иднината на интернетот. Водителот тогаш му рекол дека сигурно не би станал музичка ѕвезда ако се родел во 90-те години, и тоа поради интернетот. „Таму се случуваат неверојатни работи“, рекол тој. „Ние сè уште не можеме ни да замислиме што ќе направи интернетот од светот“.

25. На врвот од својата зависност од кокаин, наводно бил толку параноичен што својата урина ја сокрил во фрижидерот, за да не го киднапира злобниот волшебник.

26. На соул албумот „Young Americans“, до 1975-та година, еден од пратечките вокали на Дејвид бил младиот Лутер Вандрос.

27. Дејвид бил висок 178 сантиметри.

28. Групата „Placebo“, често ја наведувал како една од своите најдраги, како и „Oasis“.

29. Неговото славно признание дека бил бисексуалец се случило во интервјуто за „Rolling Stone“ во 1972-ра година, но подоцна изјавил дека тоа го измислил бидејќи сакал да го следи одреден вид на мистериозност.

30. Со својата прва жена, Енџи Боуви, се венчал во 1970-та, а се развел во 1980-та година. Својот син го нарекол Зоуви Боуви, но момчето тоа име толку го мразело, што го променило во Џо. Денес е познат како филмски режисер. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг