По принцот Хари, тој ја преземал титулата најпосакуван кралски ерген

Точка

10/01/2019

18:41

2.588

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа дека принцовите Хари и Вилијам одамна се зафатени, на британскиот трон останале уште само неколку посакувани ергени, а еден од нив е младиот Артур Чато. Внукот на британската принцеза Маргарет, сестра на кралицата Елизабета, по многу работи е нетипичен член на монархијата.

Целосното име му е Артур Роберт Натаниел Чато, постар син е на лејди Сара Чато и нејзиниот сопруг Даниел Чато и 25-ти во редот за британската круна. Внук е на принцезата Маргарет и роднина од второ колено на принцовите Вилијам и Хари. 

Иако јавноста не обраќала премногу внимание на него, 19-годишниот благородник со својата појава ги полудел социјалните мрежи, на кои понекогаш открива многу повеќе од било кој член на оваа строга монархија.

View this post on Instagram

There are worse places to have glandular fever

A post shared by Arthur Chatto (@artchatto) on

Мајката на Артур, лејди Сара, е единствено женско дете на принцезата Маргарет и нејзиниот сопруг Дејвид Армстронг Џејмс.

Младиот наследник кој многу веројатно никогаш нема да седне на британскиот трон, го следат млади девојки, на кои освен поради статусот, им е интересен и поради својот изглед.

Артур многу често на социјалните мрежи објавува разголени фотографии на кои до израз доаѓаат неговите мускули, а екстремните спортови му се голема страст. Едно време минал и во морнарицата, а како дете многу често можел да се види со кралицата Елизабета.

View this post on Instagram

Did you know I like the gym?

A post shared by Arthur Chatto (@artchatto) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг