Ники Минаж тврди дека има секс три до четири пати во текот на ноќта: “Шест ми е премногу”

Кармин

10/01/2019

16:36

7.460

Големина на фонт

а а а

Раперката Ники Минаж се фалела по социјалните мрежи за својот сексуален живот со новото момче Кенет Пети. Имено, еден обожавател ѝ искоментирал на раперката дека сигурно има секс шест пати во текот на ноќта, а таа одлучила да му одговори на тоа.

“Три до четири пати во просек. Шест е премногу”, била искрена Ники. 

Се чини дека работите помеѓу Минаж и Пети се развиваат многу брзо, па затоа обожавателите ги прашале дали наскоро планираат деца и дали можат да им помогнат со изборот на имиња.


“Веќе избравме имиња за децата, но благодарам”, им одговорила раперката која раскажала дека го познава Кенет уште од младоста. Обожавателите ја наговарале да го вметне новиот партнер во својата радиска емиисја, но таа одговорила дека повеќе сака кога Кенет е мистериозен.

“Тој не е “интернетски” тип и го сакам тоа. Јас зборувам наместо него”, вели Ники.


Инаку, Ники минатиот месец јавно ја објави врската со Пети, а јавноста не остана воодушевена од ваквите вести бидејќи тој има “дебело” полициско досие.

Имено, Кенет е обвинет за убиство поради кое одлежал седум години во затвор, а поради обид за силување на малолетничка отслужил четири години. Сепак, на раперката тоа не ѝ смета и таа не се обѕира на негативните коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг