Рејсинг Поинт ќе ја намалат огромната разлика со врвните тимови

КРУГ.МК

10/01/2019

17:30

472

Големина на фонт

а а а

Возачот кој замина од тимот, Естебан Окон, вели дека Форс Индија, односно Рејсинг Поинт, ќе ја намалат огромната разлика со врвните тимови како Мерцедес, Ферари и Ред Бул.

Окон и помогна на Форс Индија да стигне до 4то место во пласманот на конструктори во 2017 година во период кога тие имаа ограничени ресурси. Форс Индија и понатаму беа најдобри од останатите во 2018 година, но во текот на сезоната влегоа во административен процес и мораа да се откажат од сите поени и да продолжат како нова екипа со нови сопственици, како и ново име, Рејсинг Поинт.

Окон го загуби своето место од Ленс Строл, синот на еден од новите сопственици, Лоренс Строл.

„РАЗЛИКАТА Е ОГРОМНА, НО ТИЕ ЌЕ ЈА НАДОМЕСТАТ, ТОА Е СИГУРНО. РЕСУРСИТЕ СЕКОГАШ БЕА ПРОБЛЕМ, НО ОВАА ГОДИНА ТОА НЕМА ДА БИДЕ СЛУЧАЈ. ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ БИДАТ СИЛНИ КОНКУРЕНТИ.

ЈАС БЕВ ИМПРЕСИОНИРАН, КАКО И МИНАТАТА ГОДИНА, ОД НИВНИОТ ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И МОТИВАЦИЈА ЗА РЕЗУЛТАТИ. ТОА Е НАЈВАЖНОТО НЕШТО. ТИЕ СЕ ГЛАДНИ. ТОА ПРАВИ РАЗЛИКА. НЕ ГИ БРОЈАТ ЧАСОВИТЕ.

ЕДЕН ПРИМЕР, ТИЕ ДОЛЕТАА ОД МЕКСИКО И ПРИСТИГНАА ВО 2 ЧАСОТ НАУТРО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, А НАРЕДНОТО УТРО ЈАС БЕВ ТАМУ, ВО 8 НАУТРО И СИТЕ РАБОТЕВМЕ НА СИМУЛАТОРОТ.

СИТЕ БЕА УНИШТЕНИ, И ЈАС ИСТО ТАКА, НО ВЕЌЕ РАБОТЕВМЕ. ПОРАДИ ТОА СМЕ ТОЛКУ КОНКУРЕНТНИ НА ПАТЕКАТА, ДУРИ И КОГА ГИ НЕМАМЕ РЕСУРСИТЕ.

СО НОВИТЕ РЕСУРСИ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ МНОГУ ПОЛЕСНО ЗА НИВ“, ВЕЛИ ОКОН.



Спонзорирани линкови

Маркетинг