Сосема поинаков одмор во Емирати

Точка

10/01/2019

12:41

2.894

Големина на фонт

а а а

Ултра модерните стаклени кули во Дубаи или Абу Дубаи не се за секого. Но, овде не станува збор за пари, туку за вкус, кој, како што веќе знаете, се разликува од човек до човек.

Прекрасниот „Anantara Sir Bani Yas Island Al Sahel Villa“ ресорт ви нуди едно сосема поинакво искуство во Емирати, давајќи им можност на гостите да уживаат во неверојатната природна убавина на на Арапскиот див парк, сместен на заштитениот остров.


Ова одморалиште е дом на повеќе од 10.000 слободни животни, кое дели простор со еколошкиот луксузен хотел, кој е прекрасно интегриран во своето интересно опкружување. Модниот дизајн тука е одличен, додека покрај погодностите како спа центар и теретана, вклучува 30 шармантни вили во кои ќе посакате да останете засекогаш.

Живописното опкружување на овие вили, лесно ќе ви ја разбудат желбата за творење. Сепак, спа центарот на Анантара ќе ве воодушеви уште повеќе, додека тениските терени, шталите и коњите, како и центарот за водени спортови ќе се погрижат за ниедна желба или сон не ви остане неостварен.


Секако, да не заборавиме дека на располагање ви се и бројни префинети ресторани. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг