Претходната генерација забележа одличен успех, но новата верзија на “CLA” на Мерцедес е уште поатрактивна и поголема.
Купе верзијата на “A Class” на Мерцедес оствари голем успех и ги освои срцата на над 750 илјади купувачи ширум светот. Деновиве, Германците ја претставија втората генерација на “CLA”.
Новиот “CLA” пред се е технолошки понапреден и попаметен автомобил. Голем број на безбедносни системи ја одликуваат втората генерација на овој автомобил кој што е долг 4688 мм (48 мм повеќе во однос на претходникот), а широк е 1830 мм (53 мм повеќе во однос на претходникот).
Внатрешноста очекувано е „пресликана“ од новиот “A Class”, а единствено засега не е познато со кои мотори новиот “CLA” ќе пристигне во продажните салони.
Засега познато е дека претставената верзија во Лас Вегас е со ознаката “CLA 250”, а таа ознака крие 7G-DCT автоматски менувач.
Сепак, повеќе детали околу останатите агрегати, перформансите на овој автомобил и цената ќе бидат познати во следниот период.