Мараја Кери треба да плати отштета за сексуално злоставување на својата поранешна менаџерка

Точка

09/01/2019

15:41

6.640

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Мараја Кери (48) се согласи на спогодба и ќе плати отштета поради сексуално злоставување на поранешната менаџерка Стела Булечников, пренесуваат странските медиуми.

Стела ја тужеше Мараја за сексуално злоставување и кршење на договорот, тврдејќи дека пејачката пред неа намерно шетала гола и дека имала проблеми со зависноста, а не ги консумирала лековите за биполарно пореметување. 

Мараја на почетокот велела дека обвиненијата на поранешната менаџерка се неосновани, а тоа дека сега се согласила на спогодба е потврда дека Стела ја говореше вистината.


Адвокатот на менаџерката потврди дека неговата клиентка и Мараја се договориле, а за износот на отштетата не сакал да зборува.

Со оглед на тоа дека богатството на пејачката се проценува на повеќе од 40 милиони долари, се нагодува дека Мараја ќе плати само неколку милиони долари.

Стела работеше за Мараја помалку од три години, а за тоа време тие станале добри пријателки, додека на крајот на 2017 година помеѓу нив се појавија проблеми.


Кога Мараја соработувала со Стела нејзината заработувачка само во 2015 година се зголемила за 27 милиони долари, што значи за три години соработка со Стела, Мараја заработила околу 100 милиони долари.


Меѓутоа, поранешната менаџерка не е единствената која ја обвини Мараја за сексуално злоставување.

Сопственикот на агенцијата за обезбедување, Мајк Анело соработуваше со Мараја и како што тврди, пејачката го повикала во хотелската соба каде пред него шетала во провокативно издание, па поради непријатност Мајкл ја тужел Мараја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг