ВМРО-ДПМНЕ:Хаосот со вакцинирањето настана поради кампањата на Филипче и Заев

Макфакс

08/01/2019

21:14

1.922

Големина на фонт

а а а

Хаосот во врска со вакцинирањето на децата настана токму поради кампањата на Филипче и Заев дека ако граѓаните ја поддржат промената на името и со влезот во Европската унија ќе има квалитетни вакцини, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

,,Од опозиција во 2011 година СДСМ водеше кампања против вакцинирањето во ек на епидемија. Сега според СДСМ од власт вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите.На кое СДСМ треба граѓаните да му веруваат? На она кое свесно креираше паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на ова сега што ја предводи Владата? 

Јасно е дека децата треба да се вакцинираат, а Филипче и Заев да престанат да манипулираат со јавноста. Тие ги лажат родителите на децата. Филипче по ова треба веднаш да поднесе оставка”, се вели во реакцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг