„Целите на Ѓоковиќ? Календарски Гренд-слем и рекордот на Федерер“

Макфакс

08/01/2019

15:58

920

Големина на фонт

а а а

Марјан Вајда, тренерот на најдобриот светски тенисер открил кои се амбициите на Новак Ѓоковиќ во новата сезона. Тој рекол дека Ѓоковиќ ќе се обиде да освои календарски Гренд-слем.

„Новак веќе има кажано дека сака да ги освои четирите Гренд слема во една година. Разговаравме и за рекордот на Федерер, Новак има 14, а Роџер 20 Гренд-слем трофеи. Секако, тој мора да продолжи со напорната работа и да го послужи здравјето. Тоа му е единствената шанса да освои календарски Гренд-слем“, рекол Вајда.

Ѓоковиќ зад себе има одлична сезоната, која на почетокот не делуваше така. Србинот во еден момент беше 22. на АТП листата, но во вториот дел од сезоната победи во Вимблдон, Синсинати, Шангај и Ју-Ес опен и успеа годината да ја заврши на првото место. Таков прогрес од својот ученик Вајда не очекувал.

„Не очекувавме такви успеси. Кога се вратив во неговиот стручен штаб тој не делуваше како некој што може да освојува големи турнири. Знаев дека повторно ќе биде шампион, но не мислев дека тоа ќе се случи веднаш.Новак во 2019 година ќе биде под притисок, ќе мора да се докажува како фаворит“, дополнил Вајда.

Новак Ѓоковиќ на првиот Гренд-слем во сезоната, Австралија опен е поставен за прв носител, обложувалниците го третираат како прв фаворит, а тој ќе се обиде да ја освои седмата титула во Мелбурн.

Австралија опен ќе започне на 14.јануари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг