Им го украле истото Ауди два пати во еден ден: Првиот пат присилно им ги земале клучевите од пред куќата, а потоа од полициската станица

Точка

08/01/2019

15:27

3.190

Големина на фонт

а а а

Според наводите на полицијата, крадците останале без гориво, па почекале полицијата да го пронајде автомобилот и да наточи гориво во резервоарот, за да можат повторно да го украдат.

Англиската полиција морала да му се извинува на бизнисменот, откако истата група го украла неговиот автомобил, кој бил вреден 44.000 евра, два пати во еден ден.

Фил Чамберс (30) и неговата вереница, Шарлот Гил (28), после полноќ ги разбудиле крадци кои дошле на вратата на нивната колиба во Лестершир, тропале и им се заканиле дека ќе ги избодат со нож ако не им ги дадат клучевите од Аудито, пренесува британскиот „The Sun“.


Шокираниот Фил им ги предал клучевите, а потоа крадците заминале заедно со автомобилот. Кога заминале, парот повикал полиција и ја пријавил кражбата.

После неколку часа, полицијата му се јавила на сопственикот и му рекла дека го пронашле неговиот автомобил.

Меѓутоа, набрзо Фил добил уште еден повик од полиција, во кој му било кажано дека крадците повторно му го украле автомобилот и тоа од полициската станица.

„Еден од полицајците не знаеше што да ми каже, беше засрамен и постојано ми се извинуваше“, изјавил Фил.

Според наводите на полицијата, крадците останале без гориво пред повторно да го украдат автомобилот. Полицијата сè уште ги бара. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг