(+18) Запознајте ја црната Барби: Американката на естетски зафати потрошила речиси 400 илјади евра

Точка

03/01/2019

15:23

14.899

Големина на фонт

а а а

Сибил Сталоун од Лас Вегас имала само 20 години кога за прв пат отишла под нож.

Оваа 30-годишна актерка во филмови за возрасни гордо истакнува дека на себе коригирала се што можело да се коригира – задник, образи, брада, усни, нос и гради, пренесува британскиот “The Daily Star”. 

Како што вели таа, на естетски корекции до денес потрошила речиси 400 илјади евра.


“Неизмерно сум горда на својата телесна и работна етика. Линијата ми е беспрекорна, затоа и гордо ја истакнувам, особено градите кои неколку пати ги имам зголемено, па сега носам корпа на градник со големина 36F”, изјавила Сибил.

Оваа Американка на Инстаграм ја следат повеќе од еден милион луѓе, а таа вели дека на сметка на пластичниот изглед добива многу позитивни коментари.


“Ме нарекуваат црната Барби, поради бојата на коса и сините очи. Јас сум образована и префинета, ништо на мене не изгледа евтино. Верувам дека естетската хирургија е облик на уметност и навистина ми помага да добивам што повеќе работи. Затоа не ми е жал да вложувам пари во себе”, заклучила Сталоун и открила дека, што се однесува до естетиката, најголем пример ѝ е Шер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг