Албански медиуми: Владините промени не се многу поврзани со барањата на студентите

Макфакс

31/12/2018

13:38

1.748

Големина на фонт

а а а

Одлуката на албанскиот премиер Еди Рама да замени повеќе од половина од министрите дојде ненајавено и без јасно објаснување, пишуваат тамошните медиуми.

Најголема критики предизвика отпуштањето на министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, чиј најголем грев, според албанските медиуми, е противењето за корекција на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија.

Промените следеа по двенеделен студентски протест.

„Студентски протести ни дадоа насока на патот кој треба да го следиме за европска Албанија. Промените во Владата следуваат како резултат на потребата да се прошири нејзиниот капацитет”, изјави шефот на пратеничката група на владејачките социјалисти во албанскиот Парламент Тауљант Бала.

Медиумите, сепак, веруваат дека владините промени не се многу поврзани со барањата на студентите. Најмногу критики предизвика одлуката на Еди Рама, да наместо искусен и успешен дипломат, како Дитмир Бушати, за нов министер за надворешни работи го стави неговиот поранешен заменик, младиот и неискусен Гента Цаку, додаваат медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг