Вчеравечер во "Минус еден" се одржа промоцијата на вториот Точка Календар за 2019 година

Точка

27/12/2018

12:29

5.411

Големина на фонт

а а а

Вчеравер во ноќниот клуб "Минус еден" се одржа промоцијата на вториот Точка Календар за кој беа ангажирани 12 момци докажани во своите професии, а се покажаа и како одлични модели. На настанот присуствуваа познати лица од скопскиот ноќен живот, како и долгогодишните соработници на Точка.

Имено, крајот на годината која изминува го одбележуваме со успешен и исклучително важен настан за порталот Точка со промоцијата на вториот календар за 2019 година.  


Особено голема благодарност до Котур, BKW и Сенигалија, локациите каде што се снимаа фотографиите за календарот како и Амстел кој овозможи да се организира синоќешната промоција.



На вчерашниот настан присуствуваа голем број на познати лица од скопскиот ноќен живот како и долгогодишните соработници на Точка. За одличната забава и атмосфера се погрижи Dj Boogieman, а гостите во текот на вечерта имаа можност за првпат да го погледнат официјалното видео за Мејкинг оф Точка Календар со најсексапилните мажи за 2019 година.

Исто така, можете да ги симнете црно-белите десктоп фотографии од календарот како и десктоп фотографиите во боја. Одберете ја Вашата омилена!




Спонзорирани линкови

Маркетинг