Каде ќе ја дочекаат 2019-та дел од политичарите?

Точка

27/12/2018

10:26

10.699

Големина на фонт

а а а

Дел од политичарите кои ги контактиравме 2019-та ќе ја дочекаат во Македонија, со исклучок на министерот за надворешни работи, Димитров кој овојпат приватно е во Холандија. Празниците за сите нив се можност повеќе време да се помине со семејството. Велат дека имале напорна година, но не помалку работа ги очекува и во Новата година.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска Новата 2019-та година ќе ја дочека со сопругот Божидар и ќерката Ада, најверојатно дома.

- На крајот на важна и напорна година, единственото нешто што го посакувам за празничните денови е шансата заедно да се будиме, јадеме, да разговараме и да се смееме!

Среќна Нова Година до читателите на Точка.мк и до сите наши граѓани!


Министерот Манчевски, новата година ќе ја прослави во Охрид, со семејството и пријателите.

- 2019-та ќе биде година на конкретни резултати, од кои бенефит ќе имаат сите граѓани. Ќе го пуштиме во употреба новиот портал за електорнски услуги и граѓаните ќе имаат свој електорнски идентитет. Ќе отвориме „Една точка за услуги“ и граѓаните ќе можат повеќе услуги да добијат на едно место. Ќе ги намалиме цените во роаминг со Бугарија, Грција, како и со земјите од Западен Балкан. Македонија ќе биде регионален центар за сајбер безбедност и претседавач со Регионалната школа за јавна администрација. На крајот, успехот и придобивките од сите започнати процеси ќе бидат заеднички. Среќни новогодишни и божиќни празници. Многу среќа и успех за сите граѓани на Македонија. Нека 2019-та ни биде година исполнета со успеси.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе ја помине во државата во друштво на најблиските.

- Празниците се за да се потсетиме дека секој ден во годината треба да ни е важен, да не инспирира и да не мотивира да направиме што повеќе еден за друг, за општеството и за самите нас-порачува таа.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров е во Холандија и таму ќе остане и за нова година со семејството информираат од неговиот кабинет.

Новата 2019 година за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, ќе ја дочека дома со најблиските.

- На сите граѓани на Република Македонија им посакувам во Новата 2019 година здравје, среќа и работни успеси. Македонија да ја следи напредок, благосостојба и стабилност.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг