Како ќе ја дочекаат 2019-та дел од македонските музички ѕвезди?

Точка

21/12/2018

10:51

4.730

Големина на фонт

а а а

Со семејството и пријателите или работно, или со семесјтвото работно, дел од македонските музички ѕвезди кои ги контактиравме ќе работат и ќе се забавуваат, а некои ќе одмораат за Нова Година, бидејќи потоа им следува активен почеток на 2019-та.

- Подготвувам одличен настап кој ќе се памети-вели Викторија Лоба. Како минатата година така и оваа со најблиските и сите гости во ресторанот Фоур во Хотел Парк и Спа. Ќе ги забавуваме гостите со бенд во живо и Ди Џеј сет.  


Петар Младеновски од Суперхикс ќе слави дома со пиво, Џек Даниелс, ракија, сприцер и многу сарма, руска салата секако, пршута и бадеми, раскажува во доверба за Точка. 


- На сите ќе им посакам вистински стабилна и просперитетна Македонија иако во моите желби веќе губам верба. Ова го повторувам веќе 27 години и ништо не се случи. Здравјето чувајте си го! Подобра економија и така нема да има па барем тоа! Искрено се надевам дека во март ќе ја прославиме 25 годишнината од првиот настап. 

Дарко Масларковски од Пука козметика кај родителите ќе се соберат фамилијарно. 

- Им посакувам на сите луѓе љубов, среќа и здравје.На Македонија и посакувам и до година и во наредните 10000 да го задржи името.


Владимир Четкар е во Њујорк и го завршува новиот албум. За дочекот на 2019-та ќе се врати во Македонија и празниците ќе ги помине со семејството во Охрид.


Александар Белов за дочекот на Нова година работно во соседството со неговиот бенд во Смедерево, Србија. 

- На сите читатели на Точка им посакувам добро здравје и во позитивна атмосфера да го поминат најубавиот период од годината-посакува Белов.


За Виктор Апостоловски декември е еден од најисполнетите месеци. Настани, настапи, приватни забави, хуманитарни и така натаму.-објаснува. 

- Деновите пред и по Нова Година ми се исполнети со журки до врв, дури и 31ви денски, за вечерта сеуште чекам потврда, а после тој настап, заедно со мојата екипа ќе галамиме на една приватна забава што ние ја организираме. Мене никогаш не ми било битно кај сум, туку со кој сум! Се додека сум со мои луѓе, си врвам преубаво каде и да сум.


Јоце Панов ќе ги забавува неговите Штипјани и сите оние кои ќе прославуваат во Клуб Илужн.


После 15 години настапување Влатко Миладиноски одлучил оваа Нова Година да остане дома со сопругата и едногодишната ќерка. 

- Тоа ми е прилика да бидам повеќе со семејството, бидејќи од Божиќ имам патувања во странство.

Елена Велевска за дочекот на 2019 –та ќе слави со Македонците во Индиjана. Посакува да ги види во најголем број, онака сплотени, насмеани и распеани.

-Сигурна сум дека многу ги сакаат моите рефрени и таа ноќ ќе пееме во еден глас од староградски песни до модерен поп фолк-раскажува за Точка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг