Од идеја до реализација: Светските иновации во здравата исхрана сега се дел од македонскиот пазар

Точка

22/12/2018

10:00

4.452

Големина на фонт

а а а

Низ разговор со девојките од ПРО ФИТ - брендот кој стои зад нутриционистичката програма NuMe која им помогна на многу луѓе во Македонија, се информираме за овој начин на исхрана и нејзините придобивки.

Како дојдовте до идејата да ја донесете токму оваа програма за здрава исхрана кај нас?

Идејата потекна од желбата да го пренесеме начинот на живот од Европа и светот во Македонија. Целта на целиот проект е оваа здрава исхрана и стекнувањето на здравите навики да биде лесно достапна за луѓето кај нас и воедно да им помогнеме да си го олеснат секојдневното функционирање на долгорочен план.

Во светот, ваквиот вид на храна може да се најде во маркетите каде што е достапен и секаков друг вид на храна. Па така, првичната замисла беше да се воведе истото и кај нас. Сега NuMe освен што е достапна во ПРО ФИТ, истата може да ја најдат и во Фитнес центарот Синерџи, аптеките Виола, продавницата за здрава храна Маркт како и да ја нарачаат онлајн на www.marketkonekt.com

Зошто токму NuMe?

Се одлучивме токму за NuMe бидејќи од сите вакви програми на кои наидовме на пазарот низ Европа, NuMe се покажа како најздрава, со најизбалансирани нутритивни вредности и што е многу важно, храната во составот ги содржи и сите потребни витамини и минерали кои најчесто кај ваквите програми не се застапени, туку е потребно да се земаат како додатни суплементи.

Всушност, најважниот момент кој не натера да ја одбереме токму оваа храна е тоа што NuMe не содржи глутен и ГМО, имајќи го предвид фактот дека речиси секоја храна која ја купуваме на нашиот пазар содржи ГМО, кое многу негативно се одразува на нашиот организам. Нажалост, кај нас многу луѓе се уште не се запознаени со негативните ефекти на ГМО на долгорочен план.

Кому се препорачува оваа храна, дали има група на луѓе на која особено би им помогнала?

NuMe е препорачана за сите кои сакаат да воведат здрави навики во своето секојдневно функционирање, но и за оние кои сакаат да ги намалат вишокот килограми, секако со приоспособување на програмата. Освен тоа што оваа храна влијае на физичкиот добробит на вашиот организам, таа и во други сегменти го олеснува животот на луѓето кои ја консумираат.

Едноставната подготовка на храната, тоа што може да ја носите секаде со себе, чувство на леснотија кое ко имате кога ја консумирате оваа храна и секако избалансираните хранливи вредности кои ги содржат оброците. Бидејќи храната е здрава, може да ја консумира секој, особено оние кои водат активен живот.

Сепак, бидејќи оваа храна е протеинска и нискокалорична, консумацијата кај помладата популација или пак за луѓето во поодминати години, треба да е во согласност со потребите на организмот и затоа во тој случај најдобро е да се информираат околу консумацијата на истата. Еден пример е тоа што малите деца имаат помала потреба од количество на протеин отколку возрасен човек и сл.

Кои се ефектите од исхранувањето со оваа храна?


Се зависи од потребите на консуматорите. Некои ја купуваат храната само за да го одржат телото во здрава форма, а други за да слабеат. Придобивките на кои би сакале да ставиме акцент се: Подобрување на крвната слика, подобрување на дигестијата кај оние кои имаат проблеми со истата, исто така и луѓето кои патат од Хеликобактер со оваа исхрана ја прочистуваат бактеријата и ја помагаат работата на желудникот.

NuMe е одлична за оние кои се нетолерантни на глутен. Бевме сведоци на повеќе случаи каде со исхранување со оваа храна кај луѓето се повлекува онаа „кокошја кожа“ која се појавува на кожата поради глутенот. Погодна е и за вегетаријанците.


Колагенот кој е во основата на храната NuMe е препорачлив за сите бидејќи тој сам по себе ја потхранува кожата, сврзните ткива и ја успорува појавата на бори. Исто така, забележано е намалувањето на нивото на холестерол кај луѓе кои имаат проблеми со холестеролот како и кај луѓе кои имаат хормонален дизбаланс. Сето тоа е резултат на балансот на хранливи вредности кои ги содржат оброците на NuMe. EFSA (European Food Safety Authority), европската агенција за безбедност на храна, правела испитувања со NuMe кај луѓе кои не биле под медицински надзор и се хранеле со оваа храна во период од осум недели, а резултатите биле одлични.

Испитувањата покажале и дека оваа храна му прави детоксикација на организмот, покрај сите други бенефити кои доаѓаат со нејзиното консумиање. Сепак, секоја индивидуа е различна и мораме да нагласиме дека ние како дистрибутери на оваа храна, препорачуваме на сите оние кои сакаат да се хранат со NuMe, да се информираат и да ја проверат својата крвна слика пред и по период на консумација на храната NuMe, за да го видат вистинскиот ефект и секако да секонсултираат со медицинко лице доколку страдаат од некакви заболувања или други состојби.

Дали се препорачува физичка активност и спорт со консумирањето на храната NuMe?

Секако! Спортот и физичката активност се препорачуваат со консумирањето на храната NuMe, на тој начин ефектот од истата станува уште поголем. Нашата цел е да ја подигнее свеста како за балансот на храната која ја коснумираме, така и за општиот баланс во животот и здравото живеење.

Се подразбира дека за целосен баланс покрај храната, мора да бидеме и физички активни. Затоа всушност ПРО ФИТ примарно ја започна соработката со повеќе фитнес центри и фитнес тренери, со цел заедно да им помогнеме на луѓето во подобрување на животните навики и нивното здравје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг