Дунавка Трифуновска: Убавицата на Дунав со 365 тајни

Точка

19/12/2018

17:08

7.487

Големина на фонт

а а а

Не случајно годинава ја понесе титулата "Најдобро место за живеење во светот". Секој ден во годината е грациозна, ама за време на Ноговогодишните празници е величествена - Виена.

Токму таму патувате со топ-моделот и Мис Гранд Македонија, Дунавка Трифуновска. Таа ќе ви ги открие сите тајни на оваа метропола која е една од најпосетените, особено за Нова Година. 

Која е разликата да си турист во Виена и да живееш таму? 

Дунавка Трифуновска: Виена првпат ја запознав како девојка во 2010 година и беше се она што јас го замислував. Мислам дека уште тогаш се прашував:  

-Дали е возможно да е се толку совршено или само јас така го доживувам!?

Беше поразлично од се она што до тогаш сум го видела и самиот збор Астро-Унгарска империја, што дотогаш го учевме во историските читанки ќе го живееш на ист начин како тоа што го живееле сите тие ликови од историјата кои што ја изградиле таа империја и коишто се уште ги чуваат сите традиции во живеењето, храната, културата, музиката, уметноста, модата!

Таа убавица на Дунав, оваа година ја доби титулата за најдобро место за живеење во светот.


[Омилениот бар на Дунавка во Виена - Интермецо, каде во 2016-та имала фотосесија во моделите на Елена Лука]

Кои се местата каде ќе не прошеташ во овој грациозен град? 

Дунавка Трифуновска: Приказната ќе ја живеете ако ги посетите дворците на империјата, летните и зимските резиденции на кнезовите кои денес се вистински музеи...Живи музеи од Хофбурн, палатата Белведере и Шенбрун.

Историските музеи, Виенската опера, Палатата ги негуваат своите традиции со векови. Никаде во Европа нема да сретнете таква култура на негување на природата како во Виена. Нивните дворци се вистински уметнички мозаици од цвеќе!

До летната резиденција на кнезот Шебрун е отворена и првата зоолошка во светот, која оваа година ја доби титулата за најдобра во Европа. Пандата ќе ве пречека, коалите ќе ве шокираат, фламингосите ќе ве шармираат.

Каков е односот кон модата?


[Шопинг со драга колешка]

Дунавка Трифуновска: Виена е секогаш класична кога е во прашање модата.

Dress kodot е најважен и во секојдневието, од пиењето кафе до присуството на балови.


[Модата во Виена е најприсутна на баловите кои се најгламурозниот вид на забава. Во текот на годината има повеќе од 100. Најпопуларниот е оној претседателскиот кој се одржува секој февруари]

Најдобрите светски дизајнери како и нивните последни колекции, ќе ги најдете во Виена и тоа во самиот центар Stefan platz во близина на катедралата Св. Стефан во која се венчал Моцарт.


[Во центарот на Виена на Штефан Плац и Католичката црква во која се венчал и Моцарт]

Виена нуди поразлична забава. Каква?

Дунавка Трифуновска: Виена е секогаш забавна.Имаат посебен културен информатор на градот со кои скеој ден можете да доживеете различна приказна во зависност во кои период од годината ќе ја псоетите! Ама каде и да одите се е раскажано со музика, стотици видови на чоколади, торти и колачи и добро вино и уште подобро кафе.

Каква е атмосферата за време на Новогодишните празници?

Дунавка Трифуновска: На Божиќниот базар ќе ја слушнете традиционалната музика и ќе пиете греано вино, во операта ќе го слушате Моцарт, со шампањ и лосос, во концертните сали џезот, а во Метропол ќе го слушате оригиналниот состав на Elvis Prisli.Секако дека приказната заршува величествено со концертот на Виенската филхармонија на 1-ви јануари, на убавиот син Дунав со кој се буди целиот свет!

Во овој период од годината пред Божиќ, главниот збор го има центарот на градот, особено Божиќниот базар во кој се продаваат форми, фигури на Дедо мраз и сите останати ликови од детските бајки оживеани во чоколадите во боја, лампионите, милионите светилки, граното вино, традиционалната ,музика. Имаат посебен култ за Пинокио.

Никој не може да ја оживее новогодишната бајка како Виена!

Кое е твоето омилено место во Виена?

Дунавка Трифуновска: Моето омилено место е хотелот Sacher каде е направена најпознатата торта во 1832 година, за кнезот и која ја имаат пробано Грејс Кели, Елизабет Тејлор, Принцот наТајланд, принцезата Дајана и целиот светски џет-сет.


[Захер хотелот, лобито во кое своите посвети ги имаат оставено сите холивудски ѕзезди, неколку американски преседатели, принцезата Елизабета, Софија Лорен, принцот на Тајланд, Грејс Кели]


[Рецепцијата на хотелот Sacher каде е направена најпознатата австриска Захер торта во 1832 година]


[Пред дворецот Белведере]

(A.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг