Кривична пријава против двајца охриѓани за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“

Макфакс

17/12/2018

16:43

1.034

Големина на фонт

а а а

Секторот за внатрешни работи – Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. на возраст од 37 години и Ж.Р. на возраст од 28 години, двајцата од Охрид.

Од полицијата посочуваат дека лицата се товарат за сторени кривични дела „изнуда” и „насилство“.

„На 9 овој месец, околу 11:30 часо,т во Охрид, во угостителски објект на улицата Кленоец првопријавениот, кој бил заедно со второпријавениот, физички го нападнал 54-годишниот А.П., исто така од Охрид, при што му побарал 2 000 евра и патничко моторно возило, кое требало да биде пренесено на второпријавениот. При тоа, второпријавениот ги спречувал гостите да влезат во објектот, додека 46-годишниот А.Ј. од Охрид не сакал да го напушти објектот, по што првопријавениот физички го нападнал“, велат од МВР.

Од полицијата додаваат дека првопријавениот упатувал закани и кон други лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг