Најголемиот дијамант ископан во Северна Америка е пронајден во канадски рудник во близина на Арктичкиот круг.
Жолтиот, 544-каратен дијамант е откриен во канадскиот рудник „Диавик“ сместен на северот од државата на стотина километри јужно од Арктичкиот круг.
„Дијамант со таква големина е целосно неочекуван во овој дел од светот и претставува вистинска пресвртница за ископувањето на дијаманти во Северна Америка“, соопштија канадските власти за тамошните медиуми.
A 552-carat yellow diamond was recently unearthed in Canada -- the largest ever found in North America https://t.co/qmFzj8qfty pic.twitter.com/nHaLSuZYrw
— CNN (@CNN) December 17, 2018
Пронајдениот скапоцен дијамант е еден од 30-те најголеми дијаманти на светот. Компанијата „Доминон“ соопшти дека дијамантот кој што имал големина на јајце нема да биде продаден пред да биде избрусан. Наместо тоа, компанијата веќе бара партнер за сечење и брусење на дијамантот.
Од таму напоменаа дека се уште е прерано да се зборува за вредноста на пронајдениот дијамант.
Досегашниот рекорд кога станува збор за Северна Америка го држеше дијамант кој што исто така беше пронајден во рудникот „Диавик“ на северозападот на Канада. Две милијарди години стариот дијамант од 187,7 карати, таканаречениот „Фоксфајер“ беше пронајден во 2015-та година.
Инаку, најголемиот дијамант во историјата е пронајден во Јужна Африка во 1905-та година – станува збор за дијамантот „Кулинан“ кој што има вртоглави 3,106 карати.