Ветуваат дека нема да има војна, но дефинитивно се случува нешто: Русија распоредува борбени авиони на Крим

Точка

17/12/2018

15:33

2.656

Големина на фонт

а а а

Руското министерство за одбрана соопшти денес дека се распоредени повеќе од 10 борбени авиони од типот Су-27 и Су-30 на Крим.

Ова соопштение доаѓа само неколку часа подоцна откако министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека Русија нема да војува, иако Украинците според него, подготвувале „провокација“ во близина на Крим кон крајот на оваа година.

„Украинскиот претседател Петро Потошенко планира вооружена провокација на границата со Русија, на границата со Крим во текот на последните десетина дена од декември“, изјави шефот на руската дипломатија.

Од руското министерство соопштија дека авионите биле распоредени во воената база Белбек на Крим каде што ќе бидат трајно стационирани, иако не е јасно зошто борбените авиони се испратени на полуостровот кој што до неодамна, со децении беше под контрола на Украина.

Лавров сепак иако порача дека Русија ќе одговори на било каква провокација на Украина, тој вети дека Русија нема да води војна против Украина.

Односите помеѓу Москва и Киев драстично се влошија во 2014-та година кога после референдумот, Крим се припои кон Русија, а ситуацијата е посебно тензична од неодамна откако Русија изврши агресија над бродови на украинската воена морнарица, заплени три брода и зароби 24 украински морнари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг