Колку холивудската индустрија е сурова, почувствувале и овие актерки од нашата денешна листа. Тие повеќе пати биле одбиени на кастинзите бидејќи наводно биле недоволно привлечни, а некои дури и недоволно паметни.
Сепак, среќата им се насмевнала, а по неколку неуспеси и разочувања тие завладеале со Холивуд, остварувајќи улоги со кои се зборувало со години.
Не мораме ни да споменеме колкав успех има постигнато оваа Британка со бројните улоги, меѓу кои се истакнува онаа во легендарниот "Titanic". Меѓутоа, Винслет морала добро да се потруди да стигне до каде што е денес бидејќи во адолесцентскиот период, таа била одбивана со причина дека била "многу дебела".
Сара, која засекогаш ќе остане запаметена како колумнистката Кери Бредшо, наишла на бројни критики во врска со физичкиот изглед, Во 2008 година, списанието "Maxim" ја прогласи за жена која е најмалку секси на светот.
Актерката со најмногу номинации за Оскар била одбивана повеќе пати поради својот физички изглед. Една интересна ситуација се случила на кастинг за филмот "King Kong" кога продуцентот на италијански јазик прашал еден асистент зошто му довел некој "толку грд", не знаејќи дека Мерил зборува италијански. "Жал ми е што не бев доволно убава за да бидам во "King Kong", одговорила актерката тогаш.
Ѕвездата на серијата "Glee" во едно интервју во 2011 година открила дека имала потешкотии да добие улога поради својот нос.
"Кога имав 15 години, јас и мојата мајка отидовме кај еден менаџер кој ми рече дека морам да го оперирам носот за да добијам улога", признала Леа.
Мекс од "2 Broke Girls" е позната по своите заносни облини и атрактивниот изглед. Сепак, на почетокот од нејзината кариера многу продуценти ја советувале да си ги среди забите, да ја бојадиса косата и да ослабне за да успее во Холивуд.
Една од најпознатите актерки исто така се борела со одбивањата во Холивуд. Во интервју за "Daily Mail", Рис им упатила совет на сите кои сакаат да се занимаваат со актерство:
"Морате да бидете сконцетрирани и силни бидејќи само таква силна личност може да се избори со одбивање. Кога за прв пат отидов на кастинг, слушав како ми говорат дека не сум доволно висока, не сум убава и дека не сум ни многу интелигентна".