Франција не нашла никакви знаци за вмешаност на Русија во протестите

Макфакс

17/12/2018

14:55

665

Големина на фонт

а а а

Француските разузнавачки служби не нашле никакви знаци за наводна вмешаност на Русија во ширењето лажни информации поврзани со протестите што во моментот се случуваат во земјата, објавија локалните медиуми во неделата.

Според „Журнал ду диманш“, од крајот на неделава ниту францускиот Генерален директорат за надворешна безбедност (ДГСЕ), ниту Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ) не успеале да утврдат какви било факти што докажуваат директна вмешаност на Русија во ширењето лажни вести или во шпекулациите за заговор во рамките на движењето „Жолти елеци”.

„До денес не утврдивме вмешаност на Русија во протестите, но ова не е конечна анализа”, изјавил извор од разузнавачката заедница.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив ле Дриан, минатата недела рече дека Генералниот секретаријат за одбрана и национална безбедност (СГДСН) ја испитува наводната вмешаност на Русија во протестите во земјата. Како одговор на тоа, Кремљ истакна дека Русија ги смета протестите за внатрешен проблем на Франција и ги бнарече тврдењата за наводна вмешаност на Русија клевета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг