Во вакво издание не сте ја виделе, тенисерката уловена пред маркет со количка преполна со алкохол

Точка

17/12/2018

15:13

4.652

Големина на фонт

а а а

Иако тенискиот свет со својата појава го затресе пред повеќе од 20 години, а службено рекет во рацете не фатила уште од 2010 година, Ана Курникова не е толку стара колку што мислите.

Таа има 37 години и е во врска со пејачот Енрике Иглесиас, а минатата година ова време ги роди близнаците. 

Ако одамна не сте виделе како изгледа, овие фотографии би можеле да Ве изненадат. Минатата недела папараците ја уловиле како излегува од маркет во Мајами со количка преполна со алкохол. Педантните Американци ѝ изброиле десет шишиња водка, една текила и еден шампањ. Покрај сè останато, количката беше толку полна што ѝ биле потребни тројца помошници за сето тоа да го стави во автомобилот.

Американските медиуми веднаш започнаа да пишуваат дека убавата Ана започнала да пие, но причината за овој шопинг најверојатно била прославата на првиот роденден на близнаците. Алкохолот секако беше наменет за возрасните гости.


Курникова во 1996 година освоила два ITF натпревари и стана најмладата дебитантка за руската Fed Cup репрезентација. Уште кога била млада пленела со својата убавина и физички изглед па заедно со Мартин Хингис беше најголемата тинејџерска атракција на белиот спорт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг