"Ќе се соблечеше и гол ќе играше пред мојата соблекувална, ме гледаше на огледало како се туширам": Дали и овој славен актер е уште еден сексуален предатор

Точка

17/12/2018

14:56

4.770

Големина на фонт

а а а

Ланецот на сексуални предатори во Холивуд добил нова алка. Актерот Џофри Раш е обвинет за тешки сексуални напади.

Јаел Стоун, ѕвезда на серијата "Orange is the New Black" во интервју за "New York Times" до детаљ ги опишала низата сексуални инциденти во текот на продукцијата на претставата "The Diary of a Madman". И за се го обвинила актерот Џофри Раш. 

Стоун во интервјуто за "New York Times" раскажала дека Раш држел огледало над нејзината кабина додека се туширала, играл гол пред неа и ја допирал за грб на многу непријатен начин.

Во изјавата која ја објавиле неговите адвокати во понеделникот, Раш истакнал дека обвиненијата се "неточни и извлечени од контекст".

"Очигледно е дека Јаел била повремено вознемирена од ентузијазмот кој секогаш го носев на работа. Искрено и длабоко жалам ако сум предизвикал некаква непријатност. Тоа, секако, никогаш не била мојата намера", рекол Раш.

"Кога заедно игравме во "The Diary of a Madman" пред осум години, верувам дека се впуштивме во патување како уметнички соборци. Во текот на годините имавме комуникација која секогаш беше полна со взаемно почитување и восхитување. Како што кажав и во минатото, јас осудувам секакво однесување кое може да се смета за вознемирување или заплашување на било кого - без разлика дали на работно место или во било кое друго окружување".

Меѓутоа, Јаел изнела бројни обвиненија на сметка на Џофри Раш и истакнала дека во текот на претставата се однесувал недолично. Тие во тоа време во соблекувалната делеле заеднички туш.

"Се сеќавам дека погледнав горе и видов мало огледало за бричење над кабината. Тој го користеше за да го гледа моето голо тело. Верувам дека тоа требаше да биде некој вид на шега, но последица од се беше дека се чувствував небезбедно", рекла Јаел.

Му рекла: "Од*би, Џефри", но и опишала дека во тој момент тенка била линијата од желбата да се одбрани себеси и нејзината најстрашна навреда.

"Во мојот мозок не постоеше опција на некого да се пожалам за ова. Тој беше голема ѕвезда. Нема веројатно да го отпуштат Џофри, а мене да ме остават", се потсетува Јаел на тие тешки моменти.

Понатаму раскажала дека неколку пати Џофри играл гол пред неа и во текот на едно доделувања на награди ја допирал по грбот на многу недоличен начин, но дека ден после тоа и се извинил преку порака.



Спонзорирани линкови

Маркетинг