Камерите снимиле грабеж каков што не се памети во Австрија: Крадецот не бил заинтересиран за пари, нешто друго "му фатило око"

Точка

17/12/2018

14:42

3.027

Големина на фонт

а а а

Во виенскиот Јосефштад на 15-ти декември бил извршен грабеж каков што не се памети во Австрија. Камерите го снимиле упадот на маскираниот крадец во еден познат кебаб ресторан.

Додека работникот на ресторанот одмарал во просторијата позади, дрскиот крадец влегол во ресторанот и го однел "пленот". Како што се гледа на камерите, тој не бил заинтересиран за пари туку имал спремна ќеса во која го спакувал целиот ражен со месо и избегал од местото. 

Сопственикот на ресторанот на социјалните мрежи ја објавил оваа снимка од грабежот со шеговит коментар:

"Знаеме дека кебабот нѝ е вкусен, но зошто го украл целиот ражен? Ова за нас е како грабеж на банка".

Се уште не е познато дали крадецот е уапсен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг