Од денеска, Преспав се враќа на МТВ1 со трета сезона

Точка

17/12/2018

13:06

6.612

Големина на фонт

а а а

Снимањето на третата сезона на најпопуларниот македонскиот ситком „Преспав“ се реализираше во студиото на националниот сервис МРТВ. За помалку од еден месец, беа снимени дваесет епизоди, а премиерно ќе почнат да се емитуваат од денеска, 17 декември, на првиот канал на МРТВ.

Денеска, 17 декември, ТВ серијата „Преспав“ се враќа на малите екрани, премиерно со третата сезона на првиот канал на МРТВ од 20:15 часот.  

Гледачите повторно ќе имаат можност да ги следат секојдневните авантури и комичните незгоди во кои запаѓаат нивните омилени ликови: Јелена, Талат, Ула, инспектор Томе, Коста, Тони, Миле , Наим и Марио.


Во новата сезона, се појавува новата сопственичка на пансионот – Преслава, која ја глуми актерката Јана Маринова од Бугарија. Таа со својот темперамент и енергија ќе внесе возбудливи промени, но и потенцијални конфликти со оние кои се водат по принципи различни од нејзините.

Снимањето на новата сезона на најпопуларниот македонскиот ситком „Преспав“ се реализираше во студиото на националниот сервис МРТВ. За помалку од еден месец, беа снимени дваесет епизоди, а премиерно ќе почнат да се емитуваат од денеска, 17 декември, на првиот канал на МРТВ.

Третата сезона од овој успешен и одржлив проект се реализира во копродукција на ОХО и МРТВ, што несомнено ќе ја збогати програмата на националниот јавен сервис.


„Како продуцент, би сакал да искажам голема благодарност до тимот на ОХО, соработниците од МРТВ и сите професионалци кои беа дел од екипата и овозможија да се случи третата сезона на Преспав“ – изјави Пеце Талески, продуцент на „Преспав“.

Идејата и концептот на „Преспав“ се на Елеонора Венинова и Пеце Талески, а режијата на Игор Иванов Изи, Вардан Тозија и Дина Дума. Сценаријата ги напишаа: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Александра Миланова, Бојан Трифуновски, како и сценаристите од Бугарија, Алек Попов и Делјана Манева. Директор на фотографија е Дејан Димески МАК, монтажа Сашко Потер Мицевски, костимограф е Емилија И. Атанасовска, шминка Ирена Сенокозлиоска, сценографија Снежана Поњавиќ Муча и музика Мите Димовски.

Од продукцијата додаваат дека во третата сезона можеме да очекуваме повеќе хумор и многу нови доживувања на омилените телевизиски ликови, кои сигурно ќе ги натераат гледачите со нетрпение да ја очекуваат секоја следна епизода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг