Шок признание на родителите на крвникот од Стразбур! Таткото знаел дека неговиот син е џихадист: Не можев да му докажам дека ИСИС е зло!

Точка

17/12/2018

14:47

3.122

Големина на фонт

а а а

Таткото на Шериф Шекат, кој во вторникот извел напад во близина на Божиќниот саем во Стразбур, вели дека неговиот син ги поддржувал ставовите на терористичката организација ИСИС.

Абделкрим Шекат, Французинот со алжирско потекло, во интервју за TV France 2 дека својот син Шериф го видел три дена пред нападот, но дека со него не бил во контакт додека бил во бегство. 

"Зборуваше, на пример, дека ИСИС се бори за исправни цели", рекол таткото и додал дека во минатото се обидувал да го одврати сонот од џихадистите.

"Му реков: Заборави на ИСИС, не слушај што зборуваат. Зарем не ги гледаш злосторствата кои ги прават", рекол тој и додал дека син му му возвраќал со "не се тоа тие".

"Ако ми кажеше дека планира да убие некој, ќе го пријавев во полиција, и тој немаше да убие никој, и немаше да биде убиен", вели таткото.

Тој тврди дека не знаел ништо за плановите на синот и дека по нападот доброволно се јавил во полиција и им понудил, ако го пронајдат, да се обиде да го вразуми и да го наговори да се предаде.

Мајката на Шериф, Руаџа Руаг, во истото интервју за францускиот канал, изразила шок и жалење поради убиствата кои ги извршил нејзиниот син. France 2 наведува дека таткото и мајката на Шериф се разведени извесно време.

Терористот Шериф Шекат не сакал да се предаде туку тргнал во пресметка со полицајците кои го препознале, па бил убиен. Инспекторите сега се обидуваат да откријат дали тој имал помагачи во нападот во кој убил четири лица, додека ранил повеќе од 10.

Кратко по смртта на Шекат, новинската агенција на ИСИС, Амак, објавила дека Шериф бил војник на таа група.

Родителите на Шериф и двајцата негови браќа биле меѓу седумте лица кои полицијата ги барала за испрашување. Тие биле ослободени, а останатите пријатели на напаѓачот биле задржани во притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг