Искрено со Ана Ежова: Тивкиот глас понекогаш е најмоќниот, а твоето грло е твојата моќ

Точка

17/12/2018

11:28

8.560

Големина на фонт

а а а

Дури и на 31 година, таа е една од најангажираните модели во Македонија, но тоа што повеќето не го знаат е дека нејзината експертиза за односи со јавноста е дел од речиси сите поголеми маркетиншки кампањи во земјава, додека по вокација е магистер по правни науки и работи во позната адвокатска канцеларија.

Инспирирани од уникатното тројно дејство на Септолете Тотал, разговаравме со моделот Ана Ежова која паралелно успешно работи 3 професии.


Ана ни се допаѓа бидејќи што и да фати, нејзиниот глас е гласот на промената и напредокот, и оваа навидум суптилна и тивка девојка изминативе години ги промени правилата на игра во македонската мода, но и во бизнис круговите на кои како што и самата вели, потребно им е сериозно преиспитување на вредностите и на релациите партнери-клиенти.

“Не велам дека за една жена да биде успешна треба да работи 3 професии, далеку од тоа. Секој има право на избор и ако на нешто страствено работам, тоа е на меѓусебно прифаќање на тие различни избори. Едноставно, јас како индивидуа имам огромна енергија и љубопитност за животот, и тоа што за некого можеби е напор и жртва, за мене е радост и своеволно давам се’. Не се ни 3 професии, повеќе се – пишувам рецензии, едиторијали, организирам настани, пеам, едно време бев и инструктор по јога, волонтирам... и криво ми е што не можам да се клонирам да правам уште повеќе!


Гледајќи ме, лесно е да претпоставите „мхм плавуша метро и осумдесет секако полесно проаѓа низ животот„, и за некои работи всушност сте во право. Но, животот ми постави и многу непријатни предизвици, и тоа го разбуди мојот внатрешен глас. Да, тивка сум и постојано насмеана, но не отстапувам и буткам железни ѕидови додека не се изборам за тоа во кое верувам. Веројатно сум најстарата активна манекенка во државава, и не што не сметам дека е срамота, туку се гордеам со тоа и се’ додека ме викаат, ќе настапувам. Кога ќе размислите, што има лошо во тоа да те дотеруваат и да те фотографираат, и на крај пари да ти дадат за тоа? А и крајно време е да се ослободиме од предрасудите во однос на полот, возраста, способностите и изборите на луѓето. Не си престара за манекенка на 30 години, не си предавник на женскиот пол доколку одбереш да останеш дома и да се грижиш за семејството, не си грда што не може дечко да си фати ако го креваш својот глас за правата на жената.


Истото е и во маркетингот, но и во правото. Навикнати сме на застарени, крути принципи кои се засноваат на играње на сигурно, на строга и трауматична хиерархија, на непријатен однос заснован на предизвикување на страв кај другиот, големи ега и одбивање да се согледа позицијата на другиот. Но, што правиме кога ќе дојде една слабичка девојка која еднаш изгубила се’ во животот, и нема страв? Верувам дека со создавање на пријатни и колаборативни, но истовремено силно професионални деловни релации се постигнува многу повеќе, и со својот пример се трудам да ги променам сферите во кои делувам. Неконфликтна личност не значи и слаба личност, и прилично забавно е кога сум единствената на маса која со своето аргументирано „Јас не се согласувам со ова и ќе ви објаснам и зошто„ го менувам текот на целата дискусија и поглед кон работите. Но за сето ова, мора да бидете подготвени да го ставите својот кредибилитет, својот збор и своето его на коцка. Сум имала периоди кога после менаџерската работа во маркетинг агенција сум одела да работам втора смена како продавачка во бутик за да заработам дополнително, и не се срамам од тоа. Напротив, секоја чесна професија заслужува пристоен однос и почит, и тоа многу ми помогна да ја согледувам секоја страна од една приказна.Во моментов, работам со еден од најуспешните адвокати во нашата држава и повторно, се трудам да ги пренесам моите искуства и сето тоа е позитивно примено и имам поттик за уште повеќе.


Тивкиот глас понекогаш е најмоќниот, а твоето грло е твојата моќ. Искористете ја таа моќ за да направите разлика, и не заборавајте дека гласот е моќен не кога е силен и агресивен, туку кога кажува нешто што е важно, што вреди и што ќе го промени светот. Читајте, многу читајте, образувајте се, бидете љубопитни за светот околу вас, ова се универзални совети кои на никому нема лошо да му направат. Тоа ќе направи да размислувате пред да отворите уста, ќе ви ја разбуди емпатијата за да можете да погледнете низ очите на другиот, да помогнете и да пронајдете вистинско решение кое ќе биде резултат на цивилизирана дискусија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг