Пораснала со шест браќа и сестри, а на 22 години добила и две деца: Таа е прогласена за жена со најсекси селфи фотографии на светот

Точка

17/12/2018

11:10

7.393

Големина на фонт

а а а

Современото време со себе донесе многу новитети, а меѓу другото веќе неколку години наназад постои и натпреварување за најсексапилни фотографи, кое е само една во низата поврзано со социјалните мрежи.

Ќе признаете, во оваа категорија конкуренцијата е најжестока, со оглед на тоа дека славните дами, но и Инстаграм блогерките и инфлуенсерките се натпреваруваат која ќе направи попровокативно и посензуално селфи. Сепак, победник има само еден, а оваа година тоа е 24-годишната Тами Хемеброу од Австралија. 

Убавата блондинка е фитнес гуру, а на Инстаграм ја следат повеќе од 9 милиони луѓе, но дека оваа бројка не е само случајност и среќа, доказ е тоа што "ја собрала" и наградата за најдобар инфлуенсер од Австралија во организација на култното списание "Cosmopolitan".

Таа, исто така, е наградена и за својата линија на спортска облека "Saski Collection", на која и го дала името по својата ќерка. Тами го има и синот Волф, а таа деталите од своите бремености ги споделувала со фановите, како и процесот на враќање на телото во форма по породувањето.

Младата Австралијанка добила деца во вонбрачна заедница со својот приватен тренер, но парот ставил точка на својот однос.

"Успехот не дојде преку ноќ", истакнала оваа згодна жена, поради коментарите на луѓето дека се во нејзиниот живот дошло без мака, што е далеку од вистината.

Тами неколку пати истакнала дека во тинејџерските години имала низа лоши навики - пушела, јадела нездраво, пиела, користела наркотици, спиела малку, но и дека сето тоа ја поттикнало сега да инсистира на здрав начин на живот. Интересно е дека пораснала во повеќечлено семејство со четири сестри и двајца браќа, а дека голем дел од младоста минала во Малезија и Швајцарија, за да открие живот поинаков од тој во Австралија.

Доволно е да го погледнете нејзиниот Инстаграм профил и да сфатите дека титулата за "дама со најсекси фотографии е дефинитивно заслужена".

View this post on Instagram

??

A post shared by ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀Tammy ? (@tammyhembrow) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг