Жестока реакција на Ријад на нокаутот од Вашингтон: Тоа е мешање во нашите внатрешни работи! Осудуваме!

Точка

17/12/2018

08:44

3.157

Големина на фонт

а а а

Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија ја осудило резолуцијата која неодамна ја усвоил американскиот Сенат, наведувајќи дека инцидентот со Џамал Кашоги претставува злосторство, но дека тој не се одразува на политиката на кралството.

Во соопштението кое го објавила Саудиската новинска агенција се вели дека неодамна усвоената позиција на Сенатот е заснована на неосновани наводи и обвиненија и дека претставува флагрантно мешање во внатрешните работи на Ријад. 

Таа позиција, како што се додава, и штети на улогата на Саудиска Арабија на регионално и меѓународно ниво.

Американскиот Сенат едногласно ја усвоил резолуцијата во која саудискиот принц Мухамед бин Салман е означен како одговорен за убиството на американскиот новинар Џамал Кашоги.

Исто така, се тврди дека Саудиска Арабија купува воена опрема и соработува со владите на Русија и Кина, што, како што се наведува, може да го загрози интегритетот на воените односи на САД и Саудиска Арабија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг